Свет

НАТО: Најмалку 20 лица загинаа на аеродромот во Кабул

Најмалку 20 луѓе загинаа на аеродромот во Кабул и околу него во последните седум дена откако Талибанците ја зазедоа авганистанската престолнина, а многу странци и Авганистанци се обидуваат да се евакуираат, изјави денеска официјален претставник на НАТО, кој сака да остане анонимен.

„Кризата пред аеродромот во Кабул е тажна. „Нашиот фокус е да ги евакуираме сите странци што е можно поскоро“, рече официјалниот претставник за Ројтерс.

Тој додаде дека „нашите сили одржуваат строго растојание од надворешната зона надвор од аеродромот во Кабул, со цел да избегнат какви било борби со Талибанците“.

Голем број луѓе притискаат секој ден околу аеродромот во обид да го напуштат Авганистан со летови со кои западните земји ги евакуираат своите граѓани и соработници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни