Свет

НАТО објави видео од нуклеарна вежба над Европа

НАТО објави видео од нуклеарна вежба над Европа

НАТО објави снимка од последната нуклеарна вежба над северозападна Европа. Во вежбата учествуваа 60 авиони, вклучувајќи борбени авиони и авиони за надзор и полнење гориво, пишува Sky News.

Во видеото се вели дека тоа е „рутинска активност и не е поврзана со никакви актуелни светски настани“.

Повеќето од вежбите се одржаа на најмалку 1.000 километри од руските граници, над Белгија, Северното Море и Обединетото Кралство. НАТО соопшти дека целта е „да се зачува мирот, да се одврати агресијата и да се спречи принуда“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни