НАТО ги започнува планираните нуклеарни вежби кои ќе траат до 30 октомври. Нивната цел е да се обезбеди ефикасност на ограничувањето на Алијансата.
Тренинг летови се одржуваат во Белгија, која е домаќин на вежбата, а планирани се и летови над Северното Море и Велика Британија.
Овогодинешните вежби доаѓаат во време на ескалација на тензиите поради руската инвазија на Украина и повторените закани на Москва за употреба на нуклеарно оружје во конфликтот.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека ги одбиле украинските напади кај Доњецк, Херсон и Николаев. Иран уште еднаш ги отфрли обвинувањата дека и испорачува на Русија со беспилотни летала.
Сепак, според украинската воена команда „Југ“, за само еден час биле соборени 11 беспилотни летала камикази од иранско производство.
Претседателот Зеленски во своето полноќно обраќање рече дека моментално најтешка е ситуацијата во областа на градот Бахмут.
„Ситуацијата на линијата на фронтот не претрпе значителни промени во текот на изминатиот ден. Жешките точки во Донбас се Соледар и Бахмут, се води исклучително тешка битка. Окупаторите фрлаат сè што имаат на нашите сили, вклучително и 2.000 затвореници – тие се меѓу платениците таму“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.