Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во: „Јавно обвинителство за гонење криминал и висока корупција“. Од Министерството за правда велат дека новото обвинителство ќе ги продолжи предметите на СЈО.
-Надлежностите од двете постојни јавни обвинителства преминуваат во новоформираното Јавно обвинителство, кое продолжува да ги води започнатите постапки во фазата во која се преземени. Воедно, се обезбедува континуитет во функционирањето: Обвинителите и истражителите кои работеле досега, ќе продолжат да ја вршат својата работа во ова обвинителство-велат од Министерството за правда.
Предлогот – Рускоска да шефува со новото обвинителство, не е прифатлив за опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Обвинителката, Рускоска, во емисија на Канал 77, изјави дека е изненадена од предлогот таа да биде на чело на новото обвинителство кое ќе се формира.
Заев верува дека за овој нацрт-закон ќе биде обезбедено 2/3 мнозинство и ќе се зачува досегашната работа на СЈО. Според ДУИ, предлогот на Заев е добра основа и вистински правец за трајно решение за институционализацијата за борбата против криминалот и корупцијата. Двете опозициски албански партии Алијанса за Албанците и Движењето Беса, за ТВ21 велат дека новиот предлог-закон ќе биде разгледан во партиските органи, а потоа ќе излезат со официјален став.
РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ