Нацрт законот за ратификација на Договорот од Преспа доставен во грчкиот Парламент

Нацрт-законот според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа денеска беше доставен до грчкиот Парламент, веројатно в понеделник попладне ќе се разгледа на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи, а се очекува да биде изгласан до петок, јави дописничката на МИА од Атина.

Македонија минатата недела го ратификуваше во Собранието, а потоа излезе и во Службен весник.

Сега „топката“ е кај Грција која треба со мнозиство гласови (151) да даде „зелено светло“ за имплементација на Договорот.

Извор: ТВ21