Шведскиот неврофизиолог Хелена Беклунд Васлинг смета дека физичкиот контакт може да го направи човекот посмирен и посреќен, а понекогаш доволно е само галење на маче или куче.
Таа вели дека чувството на допир е исклучително важно за луѓето, а во својот научен труд објаснува дека времето поминато со домашното милениче може да има смирувачки ефект во различно ситуации.
Васлинг, исто така, укажува на разликата меѓу галењето вистински, живи животни и играњето со кадифните играчки.
„Се работи за дишењето, топлината – еден вид одговор што го добива човек. Убаво е кога некој дозволува да се гали, додека покажува и дека му се допаѓа тоа“, вели неврофизиологот.
Позитивната реакција по игра со домашни миленици се јавува како резултат на ослободување на окситоцин – хормонот на среќата.
