Македонија

Приведен жител на Росоман поради нарушување на јавниот ред и мир, физички напад и закани кон градоначалникот на социјални мрежи

Приведен жител на Росоман поради нарушување на јавниот ред и мир, физички напад и закани кон градоначалникот на социјални мрежи

На 31.05.2026 во 00:40 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле И.А.(35) од Росоман, кој на улица „Пролетерска“ во видно алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и не постапувал по наредбите на полициските службеници при вршење службени дејствија. Дополнително, било пријавено дека во угостителски објект во Росоман физички го нападнал Л.Л.(18) од с.Паликура, при што употребил стаклен предмет. По извршените проверки било утврдено дека И.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,03 промили алкохол во крвта.

Претходно, на 30.05.2026 година, со И.А. бил извршен службен разговор по пријава дека во периодот од април 2026 година до денот на пријавувањето, преку социјална мрежа објавувал содржини насочени кон Ѓ.К.(37), градоначалник на Општина Росоман, со што кај пријавителот предизвикал чувство на страв и загрозеност.

За двата настана бил известен јавен обвинител, по целосно документирање против И.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни