Поврзи се

Македонија

Не е постигнат растот од 2,8%, професионална администрација за подобра економија

Published

on

Економијата не го постигна предвидениот економски раст од 2,8%. Бизнисмените ја лоцираат вината во намалениот број на инвестиции, непрактичните бизнис проекти и непрофесионализмот во јавната администрација. Според Северозападната комора, за да се подобри економијата, најпрвин треба да се искорени партиската администрација.

„Реформите во јавната и државната администрација треба да бидат првиот чекор кон економскиот и социјалниот развој на земјата. Затоа мислиме дека треба да има преструктуирање на јавната и државната администрација, назначување на квалитетен и непартиски кадар. Ова е важно бидејќи економските активности зависат од нивото на ефикасност на администрацијата за да се добијат подобри резултати“, вели Неби Хоџа од Стопанската комора на северо-западна Македонија.

-Текстот продолжува по рекламата-

Статистиката покажува дека најголемо учество во БДП за 2018 година имал Скопскиот регион со 43%, а најмало Североисточниот. Од комората го посочуваат нерамномерниот регионален развој како е еден од најголемите проблеми.

„Не може Македонија да има рамномерен регионален развој со фиктивни или провизорни начини да направи. Без суштинска децентрализација, вертикална и хоризонтална и без никакви предрасуди дека ако се децентрализира  дел од ингеренциите ќе се префрлат кај локалната власт, не може да има. Уште повеќе ќе се концентрира населението во скопскиот регион“, изјави Џемаил Даути од Стопанската комора на северо-западна Македонија.

За наредната 2019 година, од Северозападната комора очекуваат зголемен број на инвестиции со фокус на најголемата индустриска зона Визбегово која учествува со 3,4% од БДП.

Инаку, според индексот за глобална конкурентност за 2018 година, од 140 држави, Македонија е рангирана на 84 место.

РЕПОРТЕР: ДАНЧЕ АЗМАНОВА

Извор: ТВ21

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
4NEWS.mk

Борче Ристевски жали што си ја убил својата сопруга , а неговата ќерка Сара ќе го сака и кога ќе се врати дома

4NEWS.mk

Словенечките медиуми за распуштањето на Собранието и разрешувањето на Мизрахи

4NEWS.mk

МВР со детали за двојното убиство во казино во Скопје

Македонија

Талат Џафери: Моментот кога ми се јави Никола Тодоров да ме праша во која канцеларија е Зијадин Села, ми остави најголем впечаток

Македонија

ВИДЕО: Со 80 „За“ и 6 „Против“ изгласан законот за јавно обвинителство

Македонија

Џеват Адеми до ВМРО-ДПМНЕ: Најдовте не -Mакедонка, жена, да ви го брани името Македонија, мажите од ВМРО-ДПМНЕ се кријат

Македонија

Дескоска до Милошоски: Тоа што го пуштивте пред некој ден не беше бомба, туку обична петарда

4NEWS.mk

Скопјанец уценувал малолетна прилепчанка дека ќе објави фотографии доколку не остварат средба

Македонија

Џафери за 27. април, за Вељановски, Мукоски… „Не служев на ВМРО-ДПМНЕ, но дали тоа го правеше СДСМ?“

4NEWS.mk

Таткото на Ангела сведочеше во судот: Ниту јас, ниту сопругата не знаевме дека Фуркан ѝ е дечко!

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com