Македонија

Не е решение, но не се исклучува и онлајн настава ако продолжат дојавите за бомби

Не е решение, но не се исклучува и онлајн настава ако продолжат дојавите за бомби

Не се исклучува и опцијата за онлајн настава доколку продолжат дојавите за бомби низ училиштата во Македонија.

Ова го истакна министерот за образование Јетон Шаќири, кој додава дека онлајн настава сепак не е решение на проблемот бидејќи учениците повторно ќе треба да се вратат во училиштата и очекува сторителите да бидат откриени.

„Затоа инсистирам докрај за физичко присуство на настава и побрзо да се најдат виновниците на лажните дојави за бомби“, изјави Шаќири.

Претходно, Шаќири истакна дека училиштата сами ќе треба да одлучат како ќе ги вратат изгубените часови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни