„Не е загрозена безбедноста на земјата после донациите за Украина“ смета министерката Петровска

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во гостување во летното издание на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 смета дека не е загрозена безбедноста на земјата после донациите за Украина.

„Република Северна Македонија со членството во НАТО е дел од глобланиот систем, би рекла колективниот систем на безбедност и одбрана и тоа значи дека ние не сме сами. Се она што го имаме како информација, како загриженост или го немаме како загриженост за нашата безбедносна состојба на национално ниво меѓутоа и пошироко, апсолутно се споделува и се коментира во рамките на НАТО алијансата и јас лично не гледам реална причина за загрозување на нашата безбедност“, рече Петровска.