Македонија

„Не очекувам голема политичка криза“, вели Кекеновски – опозицијата досега требаше да дејствува многу посилно

Најавува ли лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски воведување во длабока политичка криза откако рече дека во наредниот период нивните активности ќе бидат насочени кон блокирање институции и протести. Според професорот Јове Кекеновски по скандалот со случајот Рекет, опозицијата делува млако и безидејно и затоа како што вели, не очекува дека е можно нешто сериозно да направи.

Кекеновски додава дека опозицијата нема сила да го манифестира незадоволството на граѓаните од сето ова што се случува. Тој не очекува дека нешто ќе се случи и по распитот на Катица Јанева кој е закажан за вторник, бидејќи како што рече, за неа има докази и таа требаше веќе да биде во притвор.

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов прашува дали Мицкоски со најавата дека ќе блокира институции мислат на блокирање како што се случи на 27 април и дали со тоа сакаат да ги загрозат ЕУ и НАТО интеграциите. Тој уште еднаш го праша лидерот на опозицијата дали се гледал со Никола Груевски, за како што рече важно е граѓаните да знаат за неговите вистински намери.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Костадинов кажува лаги, бидејќи како што велат, се плашел од наводна негова инволвиранот во случајот Рекет.

Случајот Рекет повеќе од еден месец ја тресе домашната јавност, но се уште нема поместување на скандалот за негова разрешница. Изминативе денови имаше сослушување на дел од обвинителите на СЈО, а распит на Катица Јанева е закажан за во вторник. За ова покрај дел од македонските политичка јавност, брза и независна истрага побара и меѓународната заедница.

РЕПОРТЕРКА: СВЕТЛАНА УНКОВСКА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни