Американската авиокомпанија „Јунајтед Ерлајнс“ соопшти дека ги откажал договорите со дури 232 свои вработени.
Ова откажување на договорите следува откако тие одлучиле да не се вакцинираат против коронавирусот.
Инаку, оваа авиокомпанија е прва која воведе обврска за задолжителна вакцинација на вработените, а исто така и единствена компанија која прибегна кон процесот на отпуштање на вработените кои одбиле да примат вакцина.
Првиот човек на компанијата Стив Кирби вели дека 232 од вкупно 67.000 вработени одбиле да се вакцинираат.