Не сакала ни да се тестира, ни да се вакцинира – наставничка доби отказ

Наставничка која предавала во основно училиште во Марибор, Словенија добила отказ од работа бидејќи одбила да се тестира или да се вакцинира против коронавирусот.

Ова е прв ваков случај откако Владата ги заостри антиепидемиолошките мерки, пишуваат тамошните медиуми.

Имено, на почетокот од учебната година, на оваа наставничка и била одредена привремена забрана за работа бидејќи одбила да се тестира еднаш неделно и да носи заштитна маска во училницата, што е обврска пропишана од словенечкото Министерство за образование.

Таа има право да поднесе жалба на одлуката за престанок на работниот однос во рок од две недели.

Според медиумите, наставничката била активна и во група против вакцинација, која неодамна влезе во студио на информативна програма, барајќи да престане „пропагандата“ на владината кампања за вакцинација, додека пак во видео на Фејсбук ги убедувала родителите да не ги испраќаат своите деца во „режимски и фашистички училишта“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното