Не се очекува вето од новата грчка Влада: Сѐ уште нема датум, но Владата е подготвена за преговорите

Доколку ни во октомври Северна Македонија не добие датум за почеток на пристапните преговори, ова според вицепремиерот Бујар Османи ќе предизвика сериозна фрустрација и нарушување на интегрирачката динамика.  Вицепремиерот не го крие стравот од негативна одлука , затоа додава дека треба да се биде  внимателен . Не очекува новата грчка влада на Мицотакис да стави вето за интеграција.

-Јас потсетувам дека ова е од интерес на самата Грција и не очекувам Грција да стави вето или да ја оспори нашата интеграција во ЕУ-изјави Османи.

Иако се уште нема одлука за датум за преговори, Владата технички е подготвена  за почеток на пристапните преговори бидејќи ја дефинирала структурата на скрининг процесот.

-Во исчекување сме на датум. Ние сметаме дека сега е време да се дефинираат сите аспекти од наша страна. Ние сакаме сите да сме подготвени дента кога ќе треба да се донесе одлука, ние ќе бидеме подготвени да ги почнеме преговорите-вели Османи.

На чело на преговарачката пирамида ќе биде Комитетот на скрининг процесот, управуван од премиерот Заев а членови ќе бидат еден дел од министрите. Задача на Комитетот ќе биде разгледување и потврдување на преговарачките позиции пред нивно усвојување.

По Комитетот како највисоко координативно тело, следи Делегацијата на земјата управувана од вицепремиерот Османи. Ова тело ќе раководи со пристапните преговори за ЕУ.

Трето тело е Преговарачката група која ќе ги води преговорите на техничко експертско ниво. Со не а ќе раководи Бојан Маричиќ, а ќе има 4 заменици.

За секое поглавје кое ќе се отвори, ќе се формира работна група извести главниот технички преговарач Бојан Маричиќ. Над илјада администратори ќе бидат ангажирани во овој процес. Вицепремиерот Османи рече дека во овие групи ќе се почитува еднаквата етничка застапеност. Скринингот и преговорите не се ексклузивно право само на владата, затоа владата одлучила и на опозицијата да и понуди важни позиции во работните групи. Исто така се уште не е заокружен моделот како ќе бидат вклучени невладините организации, дали ќе учествуваат директно во работните групи или ќе бидат само набљудувачи на скринингот.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното