Свет
13,272,284
Вкупно активни случаи
Updated on 21/06/2021 15:57 15:57
Македонија
273
Вкупно активни случаи
Updated on 21/06/2021 15:57 15:57
Македонија
5,477
Вкупно починати
Updated on 21/06/2021 15:57 15:57
Македонија
149,877
Вкупно оздравени
Updated on 21/06/2021 15:57 15:57

Не тргајте за Грција без ОВИЕ ДОКУМЕНТИ!

Голем дел македонски граѓани веќе наголемо ги планираат своите летни одмори или сакаат да заминат за Грција на шопинг или прошетка, но дилемата со која се сретнуваат сите е каков медицински документ е потребен за влез во земјата и што се треба да имаат со себе.

Од Министерството за здравство велат дека оние кои сакаат да патуваат во соседна Грција треба да имаат негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа издаден од сертифицирани јавни или приватни лаборатории, или потврда за примена вакцина.

– Граѓаните треба да покажат негативен ПЦР тест или потврда за примени две дози вакцини, а од ревакцината да има поминато 14 дена. Во земјава има 20 лиценцирани лаборатории. Сертификатите за вакцинација граѓаните може да ги подигнат од своите матични лекари, велат од Министерство за здравство.

Сите патници кои влегуваат во земјата, независно од нивното државјанство, се должни да пополнат и формулар ПЛФ (на веб-страна travel.gov.gr), најмалку 24 часа пред датумот на влез. Пополнетиот ПЛФ формулар се смета за неопходен патнички документ за секој вид на влез во Хеленската Република (по копнен, воздушен и воден пат).

Патниците алтернативно можат да остварат влез и со потврди дека прележале КОВИД-19, дијагностициран со позитивен ПЦР-тест или потврда за присуство на антитела со важност од два до 9 месеци од датум на дијагностицирањето на болеста. Потврдата треба да е издадена од јавна установа или од сертифицирани јавни или приватни лаборатории од согласно националното законодавство на земјата на пристигнување, на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик. Овие обврски важат и за малолетни деца над пет години.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com