Македонија

„Не верува дека има народ што би прифатил да преговара за тоа што го бара Бугарија“, смета Џафери

„Бугарија и Северна Македонија потпишаа договор за добрососедство. Со овој договор преземаа и двете страни конкретни обврски. Веднаш после тоа од Бугарија беа поставени нови услови“, потенцираше Џафери во „Click Plus“ на ТВ21

Претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вели дека не верува дека има народ што би прифатил да преговара за тоа што го бара Бугарија.

Џафери додава дека спорните точки се околу идентитетот и историјата.

„Затоа сметам дека ниту еден народ не би прифатил да преговара за тоа што го бара Бугарија“, потенцира Џафери во „Click Plus“.

Првиот човек на Собранието, вели дека Северна Македонија има направено прогрес, исполнувајќи ги условите за преговори со ЕУ.

„Да. Решение може да има доколку се надминат спорните точки во историјата, треба да гледаме напред и заедно да ги исполниме и реализираме задачите кои од нас ги бара ЕУ“, заклучи Џафери.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни