Во мал стан сите работи треба да имаат свое место и своја функцуја, со цел се да изгледа хармонично.
Еве неколку дизајнерски совети:
- Визуелно проширување на просторот
Бојата на ѕидовите е решението за визуелно проширување на просторијата, односно со одредени нијанси може да се создаде илузија на поголем простор, повисоки тавани, како и подобро осветлување.
Дизајнерите на ентериер препорачуваат таванот да се бојадиса во иста боја, односно малку посветла нијанса, како на ѕидовите, со цел визуелен континуитет.
Поприродната светлина остава впечаток за повеќе простор, а тоа може да се добие со поголеми прозорци.
Друга работа што е речиси задолжителна за мал простор се огледалата. Тие ќе послужат за декорација, но што е уште поважно, не само што ќе ја рефлектира светлината и ќе му даде повеќе светлост на просторот, туку исто така ќе создаде илузија за дополнителен простор.
- Мебел
Кога се има мал простор, особено важно е да се биде креативен и внимателен со изборот на мебел. Пример како идеално решение се т.н. отомански кревети со „скривалиште“ каде можете да чувате постелнина, а се препорачуваат и „софа“ креветите.
Парче мебел кое зафаќа повеќе простор е и масата во кујната. За ова дизајнерите препорачуваат преклопна маса која можете да ја прикачите за ѕидот.
- Искористеност на ѕидовите
За да си направите повеќе простор можете да ги искористите и ѕидовите. Имено, наместо големи плакари со полици, подобро решение се полиците директно закачени за ѕидот.
Тие не заземаат простор и служат како одлично место за чување книги, фотографии и украсни предмети. Нека тие полици имаат иста боја како и ѕидот.
Кога се планира уредување на наттаванските простории, најважна е безбедноста и квалитетот на покривот, а истите можат да послужат и како складиште за чување помалку потребни предмети.
