Македонија

Недефинирани надлежностите во образованието, Таравари: Предметот е во рацете на Субхи Јакупи

Иако надлежностите во образованието на општина Гостивар се во рацете на Министерството за образование, ден по штрајкот на наставниците, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари го посети основното општинско училиште „Фаик Коница“ во Дебреше. Таравари рече дека го поддржува штрајкот на наставниците и тврди дека надлежностите во образованието на општина Гостивар, се во рацете на Субхи Јакупи, претставникот на ДУИ во Вишиот управен суд. И покрај тој факт, тој е убеден дека судската пресуда за овој случај ќе биде во негова корист.

„Ви кажувам со целосна одговорност дека имаме право, дури луѓето кои ги ангажиравме ни велат дека не постои веројатност да се врати ниту од Вишиот управен суд иако знаете дека таму работи Субхи Јакупи, кој до пред шест месеци беше член на ДИК, од редовите на ДУИ. Поради  аферата која тогаш ја објави американскиот амбасадор, Џес Бејли, Субхи Јакупи беше избркан од ДИК со неговиот тим. ДУИ го вработи во Виш управен суд. Сега нашиот предмет за надлежностите на општината е во рацете на Субхи Јакупи, така да чекаме одговор од него“, вели Таравари.

По изјавата на Таравари дека предметот за општинските надлежности во образованието се наоѓа кај Субхи Јакупи, ТВ21 се обиде да стапи во контакт со Вишиот управен суд, за да прашаме кој работи на овој предмет, но нашите обиди беа неуспешни.

Во врска со ова, контактиравме и со министерот за образование, Арбр Адеми. Телефонски, Адеми за ТВ21 изјави дека ниту одлуката на Управен суд не го образложува назначувањето на директорите на незаконски начин од стана на г. Таравари.

„За разлика од г. Таравари, не ги прејудицирам судските одлуки и не фалам судски одлуки кога се или не во мој интерес. Постапката е во Вишиот управен суд, каде поднесовме и претставка. Но каква и да е пресудата, судската тема, предмет на Вишиот управен суд, не е разрешувањето на незаконски начин на директорите од страна на г. Таравари“, рече Адеми.

За помалку од две години, МОН два пати на градоначалникот Таравари му ги одзема надлежностите во образованието. Причина за тоа беше дека Таравари не ги почитувал законските норми во текот на назначувањето, односно разрешувањето на директорите на основните и средните училишта. Прв пат, на Таравари надлежностите и беа одземени во февруари 2018година, а му беа вратени 9 месеци подоцна, за потоа повторно да му бидат одземени во февруари годинава.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни