Негативен е тестот за мајмунски сипаници на вториот сомнителен случај – за првиот се уште нема примерок

Негативен е тестот за мајмунски сипаници за тестираниот втор сомнителен случај.

Ова денеска на прес конференција го истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски.

Тој вели дека за првиот случај, за кој вчера одредени медиуми објавија дека избегал од болница, се уште немаат примерок и се организира тестирање.

„Од двата сомнителни случаи, вториот сомнителен случај од Инфективната клиника, кој е хоспитализиран денес, веќе е тестиран и резултатот е негативен. Додека од првиот пријавен случај за сомнителен, од Кичево, се уште немаме примерок и се обидуваме да го организираме тестирањето. Се надеваме дека до крајот на неделата ќе имаме резултат и од тоа тестирање“, вели Петличковски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.