Неизвесна судбината на шише виски од речиси 6.000 долари подарок за Помпео

Каде завршило шише виски од 5.800 долари, што, според наводите, Јапонија му го даде на поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео и, кое, се чини – „исчезнало“?

Токму ова властите во САД се обидуваат да го откријат.

Имено, според „Њујорк тајмс“, јапонските власти му го подариле скапиот алкохолен пијалак на Стејт департментот на 24 јуни 2019 година, при посетата на Саудиска Арабија.

Според сегашниот закон, американските владини претставници лично имаат право да чуваат подароци во вредност до 390 долари, а поскапите подароци одат кај државните органи.

Весникот цитира неименувани службеници кои тврдат дека Владата никогаш не го добила тоа јапонско виски, а адвокатот на Помпео вели дека екс државниот секретар не знае ништо за судбината на тоа скапо шише.