Неколку експлозии во близина на полициски станици во Звечан и Северна Митровица

Неколку експлозии се слушнале во текот на ноќта во близина на полициските станици во Звечан и Северна Митровица, потврди заменик директорот на Регионалната полиција, Ветон Ељшани.

Тој за косовските медиуми изјави дека најверојатно станува збор за шок бомби.

Според него, од овие експлозии нема повредени, но оштетен е еден полициски автомобил, бидејќи бил каменуван.

Полицијата го истражува случајот.