Свет

Неколку повредени во експлозија во Универзитет во Лион (ВИДЕО)

Во Универзитетски комплекс во францускиот град Лион денеска се случила експлозија, јавуваат светските медиуми. До експлозијата дошло во зградата каде што се наоѓала библиотеката.

Местото е обезбедено, евакуирани се сите, а пожарникарите го гасат огнот кој настанал како последица на експлозијата. Првите информации кажуваат дека експлодирала плинска боца, пренесува Ројтерс, потпирајќи се на извори од полицијата.

Во моментов повредени се најмалку три лица. Инцидентот се случува само неколку дена по експлозијата на плин во Париз, каде загинаа четири лица.


Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни