„Големата количина опасни и експлозивни ствари лоцирани меѓу населенитеместа Ново Село и Волково, скопско, што неколку години претставуваше едноод најголемите загадувачки жаришта и опасност за животната средина,безбедноста и за здравјето на граѓаните, е отстранета од територијата нанашата држава.
За отстранување на неколкуте тони застарено ракетно гориво за градобијнирекети и друг експлозивен материјал, имот на поранешната компанија АД„Теас-Темко“, кои со години лежеа во стоваришен простор во населено место,првично беа побарани 850.000 евра.
Но, наместо трошок за граѓаните на нашата земја, Владата на РепубликаСеверна Македонија организираше постапка за продажба и чистење натеренот, согласно процедурите за управување и транспортирање на опасниматерии, без ниту денар надомест за компанијата што ја спроведе постапката.
Постапката за повик и избор на понуда за оваа акција ја спроведе Генералниотсекретаријат, постапувајќи согласно заклучокот на Владата донесен на 118седница на Владата, при што ја прифати понудата на компанијата „Трајал“ од Република Србија.
Во планирањето и спроведувањето на оваа постапка, Владата на РепубликаСеверна Македонија првенствено се раководеше од грижата за здравјето награѓаните и заштитата на животната средина.“, соопштија од Владата.