Неколку важни совети од Сократ

Сократ, еден од најважните и најголемите филозофи на античка Грција, чие влијание врз западната филозофија и логика е неизмерно, ни даде важен филозофски совет кој може да биде од голема корист за нас да живееме понаменски, поубав и подобар живот, пишува Sensa.

Некои од овие совети следат подолу, а вие можете да се согласите со нив и не морате, можете да ги усвоите и примените, а и не морате. Без разлика, прочитајте ги бидејќи се полни со безвременска мудрост.

  • Запознајте се себеси.
  • Вистинската мудрост се заснова на разбирање колку малку знаеме за животот, за себе и за светот околу нас.
  • Не можам да научам никого ништо. Но, можам да ги натерам да размислуваат.
  • Клеветата не може да ме повреди бидејќи не ме засега.
  • Кој не е задоволен со тоа што го има, не би бил задоволен со тоа што би сакал да го има.
  • Сè што знам е дека ништо не знам.
  • Природата ни даде две уши, две очи и еден јазик, за да можеме повеќе да слушаме и гледаме, а помалку да зборуваме.
  • Оној што сака да го промени светот нека се промени прво себе си.
  • Неистражен живот не вреди да се живее.
  • Образованието купено со пари е полошо од необразованието.
  • Лагите не само што се лоши сами по себе, туку и со зло влијаат на душата.
  • Во животот има само две трагедии. Првата е да не го добиеш она што го сакаш, втората е да го добиеш.
  • Запомнете, ниту една состојба не е трајна.
  • Зачуденоста е почеток на мудроста.
  • Бидете љубезни бидејќи секој што ќе го сретнете ја води својата битка.
  • Не можеме да живееме подобро ако самите не се стремиме да бидеме подобри.
  • Тајната на промената лежи во фокусирањето на енергијата на градење на новото, наместо да се бориме со старото.
  • Паметните луѓе учат од секого и од се, просечните луѓе учат од нивните искуства, а глупавите веќе имаат одговори на сите прашања.
  • Порокот и рамнодушноста се две болести кои влијаат на душата.
  • За оние кои губат во дебатата, клеветата станува главно оружје.