Некоординирани институции, децата во опасност – учениците од „Димитар Миладинов“ од денеска во изолација

Учениците кои одржаа час со заразениот наставник во ОУ „Димитар Миладинов“ во о.Центар, од денеска наставата ќе ја следат онлајн.

Се вчитува...

-Во школскиот двор ги видовме само децата кои немале час со заразениот наставник. Како што дознавме од родителите и Раководството на училиштето, децата кои одржале час со заразениот наставник в четврток и петок, ќе бидат во изолација две недели-вели репотерката на ТВ21.

Но, зошто било дозволено децата да дојдат на училиште в понеделник и вторник, кога в недела се дозна дека наставникот е позитивен на коронавирус? Од Центарот за јавно здравје велат дека официјално не добиле известување дека наставникот е заразен, па затоа децата вчера следеле настава со физичко присуство. Од Раководството на училиштето одбиваат да дадат изјава, иако негираат дека информациите се пренесени со задоцнување. Велат дека вчера дознале од наставникот дека е позитивен.  

Родителите вчера се пожалија дека не биле вклучени во епидемиолошката анкета. Од Центарот за јавно здравје, велат дека со анкетирањето на сите родители би се отежнал уште повеќе процесот. Директорот на ИЈЗ со објаснување:

-Во текот на епидемиолошките анкети се прашува: случајот кој е позитивен на Ковид-19 и сите контакти. Ова подразбира дека освен раководителите на училиштата и наставниците, се прашуваат дека се прашуваат и роднините и родителите.-рече Мемети.

Иако учениците ниту денеска не го добиле решението за изолација, сепак во следните две недели наставата ќе ја следат во онлајн формат. Ова важи за децата кои имале час по физичко в четврток и петок, додека учениците кои одржале час в понеделник, во изолација ќе останат 10 дена.

.

Извор: ТВ21