Свет

Нема аргументи за нови инвестиции во Русија, вели британскиот канцелар

Нема аргументи за нови инвестиции во Русија, вели британскиот канцелар

Канцеларот Риши Сунак рече дека верува оти „нема аргумент“ за нови инвестиции во руската економија.

Зборувајќи во видео-обраќањето објавено на социјалните мрежи, Сунак рече: „Од почетокот на руската инвазија, видовме широки обврски од фирмите и инвеститорите да ја прекинат нивната вклученост во руските средства.

Тој додава дека кристално јасно е тоа дека ако фирмите или инвеститорите одлучат дека треба да ги прекинат финансиските односи со Русија, тогаш владата целосно ќе ги поддржи.

„Кога се сретнав со водечки бизниси минатата недела, го поздравив консензусот за потребата да се нанесе максимална економска болка на [рускиот претседател Владимир] Путин и неговиот режим. Иако признавам дека можеби е предизвик да се намалат постоечките инвестиции, верувам дека нема аргументи за нови инвестиции во руската економија“, додава тој.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни