Растот на цените на енергенсите и репроматеријалите веќе почнува да се прелева и врз земјоделството, при што земјоделците предупредуваат на нов бран поскапувања на храната во наредниот период. Според нив, зголемените трошоци за производство неизбежно ќе се одразат врз крајните цени на пазарите и во маркетите.
Главен фактор за ваквите најави се поскапувањата на дизелот и на азотните ѓубрива, кои се основни во земјоделското производство. Дел од репроматеријалите се увезуваат од земји од Блискиот Исток и региони погодени од глобалните кризи, што дополнително ги зголемува трошоците.
Претседателот на Сојузот на земјоделци од Струмица, Ристо Велков, за Вечер вели дека зголемувањето на цените на ѓубривата и на нафтата директно влијае врз производството. Тој посочува дека цената на азотните ѓубрива достигнала околу 400 долари за тон, додека цената на дизелот пораснала за околу 30 денари по литар.
Според него, ова значи дека не може да се очекува поевтинување на земјоделските производи, туку напротив – раст на цените, а можно е и намалување на приносите поради поскапото ѓубриво.
Земјоделците предупредуваат дека пред Велигден ќе има дополнителен ценовен притисок, при што се очекува раноградинарските производи да достигнат цена од над 100 денари за килограм. Велков додава дека трговците често ги користат ваквите состојби за дополнително зголемување на цените.
Во меѓувреме, граѓаните веќе реагираат на високите цени на пазарите, посочувајќи дека постојат значителни разлики во цените на истите производи на различни продажни места.
Претседателот на Националната федерација на фармери, Стеванче Јорданоски, очекува државата да реагира навреме и да го активира т.н. кризен фонд, со цел да им помогне на земјоделците во набавката на ѓубрива и други репроматеријали.
Од друга страна, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, вели дека состојбата внимателно се следи и најавува можни мерки доколку кризата продолжи.
Земјоделците, пак, предупредуваат дека докол
