Граѓаните во изминатите неколку дена на МУП му предале 9.401 оружје, околу 400.000 парчиња муниција, како и 884 парчиња мини и експлозивни направи, изјави денеска и уште еднаш Бојана Отовиќ Пјановиќ од Службата за сузбивање на криминалот на МУП на Србија.
Taa ги повика граѓаните кои сакаат да го предадат оружјето што го имаат да го предадат на МУП.
Таа за Танјуг изјави дека меѓу граѓаните кои го предале оружјето има и многу кои легално поседувале оружје.
Отовиќ Пјановиќ истакна дека нема да одговараат граѓаните кои нелегално држеле оружје и сега го предале.