Поврзи се

Македонија

Нема нови случаи на Антракс – молкот на АХВ овозможи ВМРО-ДПМНЕ да создаде паника

Нема нови случаи на заболени од болеста антракс кај животните, а не е регистрирана ниту кај луѓето. По четири години, болеста е регистрирана во стадо овци во кичевското село Долно Строгомиште. Резултатите за заразени животни излегоа пред 5 дена, но беа објавени дури вчера. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека сметале оти не е неопходно да споделат вакви информации со граѓаните, и покрај тоа што последните  неколку дена граѓаните купија многу стока за Курбан Бајрам. Како што вели директорот на Агенцијата, Зоран Атанасов, болеста антракс со децении е присутна во Македонија и нема простор за паника.

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Владата крие дека во Македонија има случаи на антракс. Велат дека се однесуваат несериозно што веќе 2 недели молчат околу болеста, со што, како што нагласуваат, го прекршиле Членот 52 од Законот за ветеринарно здравство.

Во Македонија има 22 населени места каде постои опасност од појава на антракс, меѓу кои и Долно Строгомиште. Од страна на ветеринар се врши преглед на 9 мрши од овци, кои се спалени, а фармата е целосно исчистена и дезинфицирана. Од АХВ апелираат да не се шири паника меѓу граѓаните. Додаваат дека нема ризик од инфекција од местото кое се купува, бидејќи животните пред колење секогаш поминуваат низ лекарски преглед. Инаку, антракс е ретка бактериска смртоносна болест. Луѓето можат да се заразат преку контакт со инфицираните животи или консумирање на контаминирано месо.

РЕПОРТЕРКА: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com