Нема новозаразени со делта сој – „Засега нема потреба од нови рестрикции, пандемијата ќе потрае“, рече Филипче

Освен четирите лица од Тетово, денеска не се регистрирани нови заразени со делта сојот на коронавирусот.

Министерот за здравство вели дека во моментов нема ниту потреба од воведување на нови рестриктивни мерки.

„Сметаме дека сега нема потреба. Сега е прилично мирна ситуацијата“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека не треба да живееме затворени, туку треба што повеќе лица да се вакцинираат.

„Некои од сценаријата се дека оваа пандемија ќе потрае, не знаеме дали ќе биде така, но не знаеме ниту колку долго ќе трае“, додаде Филипче.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното