Барањето на Основното јавно обвинителство за притвор на Андреа Поповски кој е поранешен директор на Централен регистар е одбиено и определени се само мерки на претпазливост.
Судот му одредил мерка за претпазливост, односно привремено одземање на неговата патна исправа и забрана за воспоставување контакт со одредени лица поврзани со кривичното дело, информираат од Кривичниот суд. Се уште трае постапката за останатите спроведени лица за кои се бара мерка за претпазливост.