Македонија

Нема веќе „победник со победник“ – ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците подготвени за заедничко владеење

Уште од 2016-та кога ДУИ ја избра СДСМ како партнер за формирање Влада, начелото „победик со победник“, веќе не постои, изјави синоќа во „Клик Плус“, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Затоа, вели дека е отворен за коалиција со сите партии за формирање на идната Влада, вклучувајќи ја и Алијанса за Албанците.

Но, дали Алијанса за Албанците е подготвена да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ? Потпретседателот на партијата, Елми Азири вели – да, додавајќи дека се отворени за партнерство со секоја партија која ќе ја прифати програмата, платформата и целите на Алијанса.

„Програмата, платформата и визијата на Алијанса за Албанците се инструментите и механизмите за кои ќе се дебатира со некој политички субјект кој сака да владее со Алијанса за Албанците. Прозападната ориентација, проевропската и про-НАТО ориентацијата на Албанците е вековна ориентација, не е од вчера. Ова нема да се загрози во никој случај, напротив ќе се зајакнат заложбите на Северна Македонија, на Алијанса за Албанците, на граѓаните за да ги достигнеме стандардите на ЕУ“, истакна Елми Азири.

За тврдењето на Мицкоски дека правилото „победник со победник“ веќе не постои, ТВ21 побара став и од ДУИ, партија која е убедена дека ќе победи на претстојните парламентарни избори, но од таму не добивме одговор.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни