Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

„Немаме ништо против нивната определба, но имињата се провокативни“, велат граѓаните на протест пред бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

„Немаме ништо против нивната определба, но имињата се провокативни“, велат граѓаните на протест пред бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Со плакати на кои стои „Стоп за поддршката на бугарските фашисти“, „Стоп за дискриминација“, „ЕУ практикувај го тоа што го проповедаш“ денеска граѓаните застанаа против отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Тие порачаа дека не се против отворање на бугарски клуб во земјава, но избраните имиња како Цар Борис Трети и Ванчо Михајлов се провокации.

„Провокативно е името, немаме против отворањето на клубот. Секој има право да каже како се чувствува, но името е провокативно – и Цар Борис и Ванчо Михајлов во Битола. Немаме ништо против нивната определба, нека си кажат како се чувствуваат, но имињата се провикативни“, велат насобраните граѓани.

На терен е засилено полициско обезбедување, а во моментот дел од насобраните граѓани се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон.

Протестот е организиран од страна на „Левица“, додека пак од ВМРО-ДПМНЕ повикаа на масовност, но истиот да биде мирен, демократски и без инциденти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни