Балкан

Необична сообраќајна несреќа во Белград – жена паднала од тротинет

Падот од скутерот е една од петте сообраќајни несреќи што се случија синоќа во Белград.

Д-р Ивана Стефановиќ во утринската програма изјави дека во текот на ноќта во Белград се случиле пет сообраќајни несреќи, од кои едната пад од скутер.

„Имавме 113 интервенции во текот на ноќта. Во пет сообраќајки се повредени пет лица, но со видно полесни повреди. Едната е пад од скутер, сите се згрижени во болнички центри“, рече таа.

Во Белград синоќа се случила престрелка во која е ранет млад човек (21) кој итно е префрлен на реанимација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни