Македонија го докажала својот кредибилитет како земја партнер на ЕУ, затоа Унијата треба да и даде датум за започнување на преговорите, истакна поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас, во еднодневниот сами „ Економист“.
„Преспанскиот договор ја покажува вредноста за која се бори ЕУ. Дел од него е и членството во Европската унија. Со овој договор се потврдува и амбицијата на ЕУ да воспостави мир и стабилност во овој регион. Северна Македонија е држава која го промовира процесот на проширувањето во рамките на европското законодавство. Тој покажува дека државата е кредибилен партнер за ЕУ и таа треба да одобри датум за преговори на следниот состанок на Европскиот совет“, вели Ципрас.
Балканските земји треба да станат дел од ЕУ вели и поранешниот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, најавувајќи дека недостигот на европските интеграции може да се надополни со руски и кинески влијанија.
„Русија постојано го зголемува своето влијание во истокот, се обидува да го дестабилизира регионот со цел да доминира во земјите на Западен Балкан. Од друга страна, Кина ги злоупотребува трговските закони да се импонира како светска сила. Сето ова го прават преку Балканот, бидејќи овој регион е физичката врска меѓу Кина и Европа, но тие времиња се завршени. Западен Балкан се вклучува во светскиот економски развој. Мојот став е дека денес имаме нов Балкан, Балкан од 21 век“, вече Мичел.
Од друга страна, иако истакна дека Преспанскиот договор е големо достигнување, поранешниот претседател на ЕП, Мартин Шулц, сепак не им гарантира на Македонија и Албанија дека ќе има датум за преговори, а тоа е поради внатрешните игри на Европскиот совет.
„Доколку зборуваме за проблем, доколку ЕУ на 15 октомври навистина даде датум за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, јас од овде сакам да направам паралела за посветеноста на двајцата лидери овде кон овие тактични игри кои постојано се играат во Европскиот совет, не можам да ви гарантирам дали ќе дадат датум, јас се надевам и ќе направам колку што сакам со моето влијание во германскиот парламент“, вози Шулц.
На самитот „ Економист“ насловен „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“, клучна теми се европските предизвици и привлекувањето странски инвестиции. Учествуваа околу 450 учесници, меѓу кои странски бизнисмени, политичари и менаџери на компании.
