Сè поголем број музички ѕвезди се принудени да откажуваат концерти и големи турнеи бидејќи побарувачката не е доволно голема
Една година откако ја следевме општата лудост за билети за пејачките Тејлор Свифт и Бијонсе, музичката индустрија се чини дека замолчи. Поточно, фановите се се помалку заинтересирани да слушаат поп ѕвезди – барем не по моментално астрономски високите цени.
Последниот пример, и оној кој најгласно одекна, е откажувањето на турнејата на Џенифер Лопез. Познатата пејачка и актерка проектот „Ова сум јас… Сега“ го гледаше како врв на нејзината кариера, меѓутоа, по дебаклот со соодветниот документарен филм, следеа уште полоши резултати во продажбата на билетите за истоимената турнеја.
Кога стана јасно дека Џеј Ло многу лесно може да настапи пред полупразни трибини, беше донесена единствената логична одлука и се беше откажано. Пејачката тврди дека зад се стои одлуката да му се посвети на семејството, а која и да е вистинската причина, факт е дека не е единствената принудена на овој драстичен потег.
Голем број уметници неодамна одлучија да го сторат истото, како што се The Black Keys и поп-рок групата 311, слабата продажба на билети влијаеше и на имиња како Troye Sivan, Charli XCX и Wallows, а не е тајна дека билетите за концерти ѕвездите како Пинк и Џастин Тимберлејк не се продаваат ни приближно како што се очекуваше.
Хроничен пад на интересот на публиката
За падот на интересот на навивачите доволно говори и фактот што билетите се продаваат „на црно“ за просечна сума од 214 долари, наспроти минатогодишните 257 долари (иако тоа се припишува и на фактот што тогаш сите сакале да добијат билети за концертите на Бијонсе и Тејлор Свифт).
Од друга страна, Лук Комбс, Зак Брајан, Оливија Родриго и Dead & Company не можат да продадат доволно билети, со оглед на огромната побарувачка.
Многумина сметаат дека проблемот лежи во премногу концерти на врвни музичари во исто време. Имено, ова е прв пат во историјата буквално во исто време сите најголеми ѕвезди да се одлучат да закажат турнеи. Причината, секако, е крајот на пандемијата и големата потреба на индустријата да се опорави од загубите.
И додека повеќето не ни прашуваа за цената откако заврши карантинот и нашиот живот почна да се нормализира, денес тоа веќе не е случај. Публиката генерално беше задоволна од понудата во последните три години, ги виде своите омилени музичари и сега внимателно избира на кој изведувач ќе потроши вртоглава сума на пари за билет.
