Во земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Херцеговина во 23 часот и 7 минути, со епицентар меѓу Љубиње и Столац, едно лице загина, а неколку се здобија со полесни повреди.
Од Столац утринава се јави екипа од Н1, која вели дека градот синоќа не спиел, но дека така е и со сите други области каде мештаните ги фатила паника и барале побезбедно место по силниот земјотрес.
Потресот траел и до 20 секунди, а многу граѓани велат дека никогаш не почувствувале посилен земјотрес.
Во Столац синоќа загина 27-годишна девојка, откако врз нејзината куќа се сруши огромна карпа. Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болница во Мостар, но и покрај големите напори на лекарите им подлегнала на повредите.
Нејзините родители и сестра се здобиле со полесни повреди.
Во Здравствениот дом Столац дошле бројни граѓани поради напади на паника, но и поради телесни повреди.
Синоќешниот силен земјотрес бил проследен со низа помали. Граѓаните на Столац во 2 и 4 часот наутро повторно можеа да почувствуваат два посилни земјотреси.
Материјалните штети се уште се таложат, но според првичните проценки не се големи. Најмногу се работи за паѓање на фасади.
Луѓето во паника бегаа од домовите и зградите, а на улиците се собраа голем број граѓани.
Многумина во страв ја поминаа ноќта во возила плашејќи се да се вратат во своите домови.
Во Љубиње, кој исто така бил епицентарот, нема повредени или жртви.
Srceparajuća izjava građanina Stoca nakon zemljotresa: "Trčali smo kao da je ratno stanje…" pic.twitter.com/t9DEN5bOGn
— TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) April 23, 2022