Нерегуларности кај фирмите од „Рекет“, затајувале данок, прикривале приходи, давале позајмици без поврат…

Во Меѓународниот сојуз каде претседател е Бојан Јовановски извршени се две контроли за данокот на добивка и персоналниот данок на доход во период од 2017 до 2019 година. Сојузот немал сметководител. Приходите кои ги остварувал, воопшто не се евидентирале и не се плаќал данок.

„Во декември 2017 година склучени се два договори со ГП Пелистер и Дрим билдинг за реализација на платфрома за изградба на европски комплекс за возрасни лица и мобилен сервис. Договорите не се заверени на нотар. Двете правни лица извршиле плаќање кон Македонска авторска агенција, по однос на влезна фактура, но проектот за кој плаќале инспекторите не го пронајдоа“, велат од УЈП.

Согласно договорите, парите од градежните компании требало да легнат на сметка од Меѓународен сојуз преку агенцијата, но тоа не се сличило. Парите завршиле кај две физички лица, Јасна Мандиќ како координатор на проектот и Лилјана Тодоровиќ – носител на проектот. За овој трансфер агенцијата немала склучено договор со Мандиќ и Тодоровиќ .

Сите овие наоди, УЈП вчера во затворот му ги доставил на претседателот Бојан Јовановски, но тој одбил да ги прими со образложение дека поднел оставка од таа функција во сојзуот.

Кога инспектори на УЈП пак ја посетиле 1ТВ, во неа имало работи кои недостигале. ТВ опрема, кујна, мебел… На прашањето каде се, им одговориле дека ги продале на Бојан Јовановски, а како доказ прикажале фактури, со пресметан данок.

„Пронајдовме фактури за ноќевања во хотели, авински билети за лица кои не се вработени во 1ТВ. Од страна на УЈП  тоа е класифицирано како лично примање без пресметан персонален данок. Во 2018 година исплатена е дивиденда на Јасна Мандиќ која не е сопственик на 1ТВ и тоа е противзаконски. Ние пресметавме и на тоа персонален данок.“, велат од УЈП.

Според информации на УЈП се работи за милионска сума. 1ТВ дала позајмица на БМЈ Медиа груп во 2018 година, но тие пари никогаш не биле вратени кон телевизијата. Од страна на УЈП направено е оданочување.  Неговата мајка пак на користење на 1ТВ  дала и еден џип. Но, од УЈП додаваат дека кога нешто се дава под закуп треба да се пресмета данок. За 1ТВ нема да има кривична пријава, ќе треба само да се плати ново пресметаниот данок. Вработени во 1ТВ имало 46, а хонорари на останатите лица им се исплаќале преку авторка агенција. Од УЈП велат при контролите се појавило и ново физичко лице кое се претставило како нов сопственик на 1ТВ и БМЈ Медиа груп и изјавило дека ќе ги подмири сите побарувања. Станува збор за државјанин на Македонија кој досега не бил дел од медиумскиот бизнис, ниту пак е познат за јавноста.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното