AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Netflix отстраниле многу сцени од серијата Squid Game – еве која е причината

Бројни сцени од моментално најпопуларната серија во светот Squid Game се отстранети, пренесува Daily Mail.

Јужнокорејската драма за преживување емитуваше телефонски број во неколку сцени, и на крајот се покажа дека бројот припаѓа на Јужнокореец. Многу фанови почнаа да го бираат тој број секојдневно, а неговиот сопственик за странските медиуми изјави дека бил изненаден.

„По емитувањето на серијата, добив повици и пораки цел ден, до тој степен што ми беше тешко да се фокусирам на секојдневниот живот“, рече тој.

Нетфликс сега одлучи да ја отстрани сцената на која се гледа спорниот телефонски број, за да се заштити приватноста.

“Ние се уште работиме со продуцентската компанија за да го решиме проблемот. Исто така, уредуваме сцени што го покажуваат тој телефонски број”, изјави портпаролот на Netflix за The Independent.

Имено, странските медиуми пишуваат дека сцените од серијата што Netflix конечно одлучи да ги отстрани се уште се видливи за корисниците во Австралија.

Да потсетиме, серијата прикажува група луѓе кои немаат среќа и кои се принудени заедно да учествуваат во бизарна серија игри за преживување за пари.

Ако не ги завршат предизвиците (составени од морничави пресврти во класичните детски игри), тие умираат. На потенцијалните учесници им се дава визит -карта на која стои бројот на кој треба да се јават за да бидат поканети на играта.