Мисијата за испраќање мали сателити на НАСА во орбитата за следење на временските услови на ракетната компанија Astra Space беше неуспешна бидејќи моторот од втора фаза беше исклучен порано во вселената.
Според Ројтерс, моторот се исклучил околу 10 минути по успешното лансирање на ракетата Astra 3.3 од лансирната рампа на Флорида.
– Имавме номинален лет во првата фаза. Сепак, моторот на горната етапа се исклучи рано и не го испорачавме нашиот товар во орбитата – изјави претставникот на Astra, Аманда Дурк Фрај.
Ракетата носеше два мали сателити дизајнирани од лабораторијата Линколн на MIT со задача да ја измерат влажноста и врнежите во системите на тропски бури. Ова беа првите од шесте сателити на НАСА кои Astra планира да ги лансира во иднина.