Свет

Невидена суша во 1200 години: Шпанија се бори со недостаток на вода (ВИДЕО)

Невидена суша во 1200 години: Шпанија се бори со недостаток на вода (ВИДЕО)

Најлоша е ситуацијата во регионот на Андалузија – едно од најсушните и најжешките места во Европа.

 

Шпанија се бори со невидена суша. Поради глобалното затоплување, делови од Пиринејскиот Полуостров се борат со недостиг на вода што не е забележан во

последните 1.200 години, пишува Ројтерс, повикувајќи се на студија.

Најлоша е ситуацијата во регионот на Андалузија – едно од најсушните и најжешките места во Европа. Таму, поради исушената вештачка акумулација, од водата излегоа остатоци од готски градби.

Резервоарот Чижара е вештачки создаден во 1956 година. Моментално е празен 84%. На критични нивоа е и блиската „Винуела“ – полна околу 13%.

„Ситуацијата е крајно драматична. Во последните години воопшто не врнело. Ако не врне и не се открие некој алтернативен начин како да се стигне овде, иднината е многу, многу мрачна“, рече локалниот жител Фрасиско Бајага.

Продолжениот топлотен бран го направи јули најтопол во цела Шпанија од 1961 година. Резервоарите за вода низ државата се само со 40% од нивниот капацитет. Сувото и топло време во Шпанија се очекува да продолжи и наесен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни