Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за краткотрајно невреме со појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 39 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. T=37°C. P=980hPa. U=28%. V=4m/s. UV index=9.
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Температурите ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.