Променливо облачно. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме. T=25°C. P=983hPa. U=60%. V=5m/s.
Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Во текот на новата седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.