РЦУК – Тетово, известува дека во регионот што го покривара ПОРКОА РЦУК Тетово нема штети предизвикани од невремето. Во моментот има врнежи од дожд кои се со слаб интензитет.
РЦУК – Велес, известува дека во регионот што го покрива ПОРКОА РЦУК Велес нема штети предизвикани од невремето. Сите патни правци се проодни, нема прекини во комуналната свера. Времето е стабило со дожд со слаб интензитет.
РЦУК – Струмица, известува дека во регионот што го покрива ПОРКОА РЦУК Струмица нема обилни врнежи од дожд и невреме, поплавени улици, поплавени куќи, поплавени подруми, одрони на одредени патни правци итн.
РЦУК – Скопје, известува дека како резултат на врнежи од дожд регистрирано е паднато сува дрво на Бул.Свети Климент Охридски во Скопје, без материјална штета. Известени се ЈП Паркови и зеленило за превземање на мерки во нивна надлежност.
РЦУК – Куманово, известува дека во моментот без електрична енергија се селата: Орашец, Шупли Камен и Добрашане кај асфалтната база. Исто така ја пренесува информацијата од филтер станицата во која се наведува дека во изминатото деноноќие на територија на Куманово паднале 52 л/м2 дожд.
Во општина Крива Паланка без електрична енергија се селата:Дрење, Киселица,Голема и мала Црцорија,Трново, Слатино, Крстов дол, и Подржи коњ.
Во општина Кратово екипата на Македонија Пат била на терен на патниот правец А2 од м.в. Четал према Кратово и општина Пробиштип имало поситни одрони на коловозот и екипите се на рачистување, но сообракајот се одвивал редовно со претпазливост и внимателно возење.
РЦУК – Битола, известува дека регионот што го покрива ПОРКОА РЦУК Битола, нема некои посериозни последици од обилните врнежи од дожд кои се случија во текот на вчерашниот ден и денешниот ден.
РЦУК – Охрид, известува дека во регионот што го покрива ПОРКОА РЦУК Охрид нема обилни врнежи од дожд и невреме, поплавени улици, поплавени куќи, поплавени подруми или пак одрони на патна инфраструктура.
РЦУК – Штип, известува дека на територијата која ја порива ПОРКОА РЦУК Штип во моментот поради врнежите од дожд нема никакви пријавени настани, сите патни правци се проодни и нема поплавено објект.