Балкан

Невреме во Сплит: Два авиони не можеа да слетаат, пренасочени се!

Невреме во Сплит: Два авиони не можеа да слетаат, пренасочени се!

Поради силен дожд пропратен со град во пошироката област Трогир попладнево два авиони не можеле да слетаат на пистата на сплитскиот аеродром и биле пренасочени кон задарскиот аеродром, потврдија од сплитскиот аеродром.

Невремето започнало околу 16 часот и траело дваесетина минути, па авионите од Амстердам и Минхен биле пренасочени кон Задар каде успешно слетале, а патниците со автобуси биле префрлени во Сплит.

Во Сплит немало поголемо невреме, а според информациите од сплитската Јавна противпожарна бригада, на градските гробишта Ловринац биле повикани пожарникари за да го изгаснат пожарот кој зафатил чемпрес по удар на гром.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни