Македонија

Невремето го остави Охридско-струшкиот регион без струја

Невремето го остави Охридско-струшкиот регион без струја

Силното невреме проследено со пороен дожд и интензивни електрични празнења попладнево предизвика голем дефект во електроенергетската мрежа, оставајќи го Охридско-струшкиот регион во мрак.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија се случи нешто пред 17 часот, а без струја се уште се и двата града и околните населени места.

Од ЕВН се очекува брза интервенција за санирање на испадот на мрежата и нормализирање на состојбата во најкраток можен рок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни