Невреме пропратено со силен дожд и гром во текот на ноќта го погоди подрачјето на Ѓаково во Хрватска.
Таму громови предизвикаа пожари на две фарми и во Осиек каде пожарникарите имаа бројни интервенции.
Осиекско-барањската полиција денеска соопшти дека громови ги запалиле балите со сено на фармите во Томашанци и Маријанци, во областа Ѓаково, пренесува Index.hr.
Пожарникарите ги изгаснале двата пожари.
Во Осиек имало повеќе од 30 пријави за вода во подруми, пожарникарите се на терен, а засега нема информации за сериозна материјална штета или повредени.