Во интервју за Вашингтон егземинер, американскиот претседател Доналд Трамп изнесе бројни обвинувања за изборни измами, кои беа директно отфрлени од изборните службеници и изрази верување дека ќе бидат откриени повеќе гласови за него во државите и оти со тоа ќе се поништи изборниот резултат.
Трамп тврдеше дека официјалните лица во Мичиген и Пенсилванија не им дозволувале на републиканските набљудувачи да следат или да набљудуваат, а тој исто така го доведе во прашање резултатот во Аризона.
Запрашан колку брзо може да ги докаже овие тврдења и да ги поништи резултатите, претседателот рече веројатно две недели, три недели, а пред да го заврши интервјуто тој рече, Никогаш не се обложувајте против мене.
.
