Николоски: Македонија, за жал, нема да добие датум во декември, а во јануари може да добие датум за скијање

На најавите дека Македонија би можела да добие датум за почеток на преговори со ЕУ во декември на самитот на ЕУ на 14-ти, Александар Николоски во студиото на ТВ21 вечерва коментираше дека тоа нема да се случи ниту во декември, ниту во јануари, и покрај промената на власта во Бугарија.

„Ако ме прашате дали сакам да почне преговори, апсолутно сакам и сонувам. Но мораме да ги гледаме работите реално. Најсимпатично би било да кажам дека почнуваме преговори сега во декември, но секогаш се обидувам да бидам реален. Многумина не веруваа пролетта 2018 година кога реков дека дури Зоран Заев да го промени името, нема да почне преговори со ЕУ, и додека е тој премиер, Македонија нема да почне преговори. За жал брв во право, затоа што сакам Македонија да напредува.

Македонија, за жал, нема да почне преговори во декември и нема да почне преговори. Смешна работа е коментарот на Димитров дека можеби во јануари. Целата ЕУ во јануари е на одмор, а може датум за скијање да се добие, а не за почеток на преговори. Се знае кога може да се носат одлуки. Има можност во декември, март и јуни. Се друго е лажење на народот. Убеден сум дека Македонија во декември нема да почне преговори, што ќе го разбие последниот меур за останување на Зоран Заев на власт“, рече Николоски кој кажа дека Бугарија е сериозен проблем, но најголем проблем е тоа што работите не функционираат во Македонија.

Поврзани вести

Кастриот Реџепи се потпишал дури на 4 списоци за рушење на Владата, Николовски ги објави во емисија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ни е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва. Дебатираме на актуелната политичка ситуација, пропаднатото гласање за недоверба на владата и премислувањето на пратеникот на БЕСА Кастриот...

Бугарија не може да поддржи почеток на преговорите на ЕУ со Македонија

Бугарија не може да поддржи одржување на првата Меѓувладина конференција на ЕУ со Република Северна Македонија. Актуелната нацрт-преговарачка рамка за пристапување на Република Северна Македонија, исто така, не ги одразува предлозите на...

Николоски ги објави списоците, Кастриот Реџепи се потпиша на 4 списоци – „Толку многу зборуваше против Владата и Заев…“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ни е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва. Дебатираме на актуелната политичка ситуација, пропаднатото гласање за недоверба на владата и премислувањето на пратеникот на БЕСА Кастриот...

Таравари: Во Владата ќе се случи ekcплозија бидејќи нема да добиеме датум во декември

Генералниот секретар на Алијанса на Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, во дебатната емисија на на ТВ Шења вели дека во Владата ќе се случи експлозија, откако најверојатно нема да биде...

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...