Маргарита Цаца Николовска во „ЕУклик“ на ТВ21 посочи дека многу држави од Европската Унија имаат проблеми во судството.
„Како судија во европскиот суд за човекови права, видов дека кај многу држави од ЕУ има многу проблеми Една Италија како држава кога дојдов во судот, имаше најголеми проблеми со должина на постапките. Таа го донесе т.н. „Пинтоло“, и голем број на предмети се редуцираа пред Европскиот суд за човекови права, затоа што се одреди одреден рок, и тој рок мораше да се почитува. Во други земји имаше проблем со национализација па денационализација. И тука се укажа дека на некој начин треба државата да ги разреши, и државата донесе закон, и му покажа на Судот дека такви спорови може да решат“, посочи екс судијката во Европскиот суд за човекови права во Стразбург Маргарита Цаца Николовска.
.
